Македонија

27 февруари, 2018

Галоски оди на турнеја во Јапонија

„Посебна чест и задоволство ми е да ја најавам мојата мини-турнеја во ЈАПОНИЈА! Прв настап на листата е на 16 март во „V2Tokyo“, заедно со Авадокс“, соопшти македонскиот диџеј и продуцент Галоски, кој неодамна потпиша договор со издавачката куќа на Армин ван Бјурен.

Посебна чест и задоволство ми е да ја најавам мојата мини турнеја во ЈАПОНИЈА! Прв настап на листата е на 16ти Март во…

Posted by Aleksandar Galoski on Dienstag, 27. Februar 2018

Освен во земјата на изгрејсонцето, музичарот ќе настапи и во Љубљана, заедно со светската ѕвезда Афроџек.

„Годинава сакам да ги поместам сите граници со настапи на страна на сите најголеми настани ширум светот, да бидам дел од најголемите издавачки куќи и да оставам посебен белег и инспирација за новите генерации дека со џебови полни соништа и напорна работа сѐ е возможно“, изјави тој неодамна, а ние му посакуваме сите желби да му станат реалност.



Врати се горе ↑