Македонија

13 јуни, 2018

Галоски на реномираниот „Ултра мјузик фестивал“ во Сингапур

Еден од најуспешните македонски диџеи, Галоски, кој изминатиов период беше зафатен со настапи во рамките на евроазиската турнеја, на 15 јуни ќе биде дел од изведувачите на „Ултра мјузик фестивал“ (Ultra Music Festival) во Сингапур, еден од најреномираните музички фестивали за електронска музика во светот.

Со веќе потврден настап, Галоски испишува историја за електронската и целокупната домашна музичка сцена, како единствен артист со настап на фестивал кој со години наназад е одликуван како најуспешен интернационален фестивал за електронска музика.

Ultra Singapore 🇸🇬! So happy to be part of the worldwide most popular festival. See you on June 15 on the Ultra Worldwide Stage.

Gepostet von Galoski am Donnerstag, 7. Juni 2018

Ова не е првпат нашиот диџеј и продуцент да направи значајни успеси. Наназад го паметиме како прв македонски диџеј со хит на неделата на радио-емисијата „Global Warm-up“ на Би-Би-Си, прв македонски диџеј со поддршка од великаните во денс-индустријата како Дејвид Гета, Авичи, Хардвел, Афроџек, Армин ван Бјурен, како и многу успешни изданија на врвни издавачки куќи ширум светот.

Македонија ќе има можност да го слуша Галоски на 21 јуни на АРМ стадионот на претстојниот „Скопје колинг“, каде што ќе им даде домашна поддршка на најпознатото светско диџејско дуо Аксвел и Ингросо.

Фотографија на Galoski.

Извор: Среќа.мк



Врати се горе ↑