Настани

28 мај, 2018

Галоски домашна поддршка на Аксвел и Ингросо на „Скопје колинг 2018“

Откако се финализираше комплетната програма за годинашното издание на фестивалот „Скопје колинг“, организаторите открија и кој ќе ја загрее атмосферата на првата фестивалска вечер, на која главни ѕвезди се ЕДМ-великаните Аксвел и Ингросо.

GALOSKI

Galoski официјален support на Axwell & Ingrosso!По низата успешни настапи низ Токио, Шпанија, Австрија, настап заедно со светскиот супер стар диџеј Afrojack во Словенија, како и редовните настапи на фестивалите Skopje Calling и Ohrid Calling заедно со светските диџеи Martin Garrix, Hardwell и Nicky Romero, и овој пат нашиот најуспешен диџеј го имаме како официјален support на Axwell & Ingrosso на Skopje Calling 2018!Билетите се во продажба на www.avalon.mk, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон.

Gepostet von Skopje Calling am Montag, 28. Mai 2018

 

Станува збор за еден од најуспешните македонски диџеи, Александар Галоски, кој на „Скопје колинг“ доаѓа после успешната евроазиска турнеја, настапувајќи рамо до рамо со имиња како што се Мартин Гарикс, Хардвел, Афроџек и Ники Ромеро.

„Посебна чест и задоволство ми е што ќе бидам официјална домашна поддршка за моите идоли“, рече Галоски, кој изминатиов период првпат настапуваше и во Јапонија, приредувајќи им на гостите забава за паметење.

Посебна чест и задоволство ми е да го најавам мојот настап на Skopje Calling фестивалот каде што ќе бидам официјална домашна поддршка на моите идоли Axwell Λ Ingrosso.

Gepostet von Aleksandar Galoski am Montag, 28. Mai 2018

 

Од „Авалон“ соопштија и дека од денеска во продажба се пуштени блок-влезниците за сите четири фестивалски денови на „Скопје колинг 2018“, по цени од 2.000 денари за партер и 3.000 денари за фан-пит. Истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и во „Југотон“, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

ОД ДЕНЕС ВО ПРОДАЖБА СЕ БЛОК БИЛЕТИТЕ ЗА СИТЕ ЧЕТИРИ ДЕНА НА SKOPJE CALLING!Билетите ќе може да ги набавите преку…

Gepostet von Avalon Produkcija am Montag, 28. Mai 2018



Врати се горе ↑