Настани 6b961236-d5d1-4b65-9d82-000b7b9aac54

15 јуни, 2015

„Гаја експеримент“ бината ја подготви најголемата транс програма за јубилејниот „Егзит“

Псај, Гоа, прогресив, форест и даунтемпо транс стилови на тврдината

За своето трето и досега најатрактивно издание по повод 15. роденден на „Егзит“, „Гаја експеримент“ (Gaia eXperiment) бината на Петроварадинска тврдина ќе доведе некои од најбараните претставници на транс музиката! Од 9 до 12 јули љубителите на псај и прогресив транс звукот, ги очекува лондонската ѕвезда Авалон (Avalon) и холандскиот продуцент Лифтшифт (Liftshift), како и домашните Заис (Zyce), Е-клип (E-Clip), Мидл Моуд (Middle Mode), Имагинариум (Imaginarium), Пион (Pion), Архетип (Arhetip). По повод јубилеjот на „Егзит“, програмата е збогатена со форест жанрот, кој ќе го презентираат гостите од Германија преку два проекти: Ноктилус (Noctilus) и Нокти Лука (Nocti Luka)додека фамозниот гоа стил доаѓа со српската стара школа Сармати (Sarmati)За самиот крај на секоја вечер, како што и доликува ќе уживаме во даунтемпо (downtempo) настапите на изведувачите, како што се Магнетик (Magnetic) и Далтон (Dalton), како и со домашната диџеј поддршка составена од водечките српски организации. Бината и озвучувањето ги обезбедуваат ММ Акустикс (MM Acoustics) и Аудиолаб (Audiolab), кои својот квалитет го потврдуваат од година во година. „Гаја експеримент“ Транс бината повторно ќе содржи посебни декорации, а нивната тема годинава ќе остане посебно изненадување.

„Gaia eXperiment Trance Stage“ го промовира еден од најраспространетите музички стилови, жанровски наречен „психоделичен транс“ (psychedelic trance), кој настана на почетокот на деведесеттите години, а доживеа голема светска експанзија во изминатата деценија преку најголемите светски фестивали. Традиционално, и оваа година за водење на бината задолжена е една од најактивните регионални транс асоцијации, eXperiment, која порачува: „Psy-trance стилот има силна енергија и ги обединува сите нации на најубавите места на планетата Земја. Psy не е само музички жанр, туку и еден културолошки активизам кој своите пораки ги пренесува преку танц, размена на енергија и меѓусебно почитување на различните светови, додека ги поврзува со добро познатиот софистициран звук. Поимот Gaia како име на стејџот потекнува од идејата дека единствената работа која не смееме да ја заборавиме, како жители на планетата Земја, е дека сме ние една иста заедница и дека во најмала рака мораме да се чуваме, како што таа нѐ чувала додека сме растеле“, порачуваат од организацијата eXperiment.

Своите настапи на овогодишната, ултимативна „Eгзит Авантура“, од 9 до 18 јули, за едно од најсилните програмски изданија било кога, досега ги потврдија Manu Chao, The Prodigy, Motörhead, Rudimental, Faithless, Roisin Murphy, Emeli Sandé, Hardwell, Sigma, John Newman, Capital Cities, Clean Bandit, Tom Odell, Martin Garrix, Gramatik, Leftfield, Tale of Us, Adam Beyer, Chris Liebing,Wilkinson, Eagles of Death Metal, Fear Factory, Zomboy, Roni Size Reprazent,Bondax, Napalm Death, Dubioza kolektivOctave One, Soul Clap, Hladno pivo, ZosterRambo AmadeusArtan Lili, Lola Marsh, 1000mods  и бројни други за вкупно повеќе од 1.000 уметници на 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!



Врати се горе ↑