Свет gaga

22 јануари, 2013

Гага сака да започне филмска кариера?

Близок извор на пејачката за американските медиуми изјавил дека Лејди Гага сака да започне филмска кариера мислејќи дека со тоа ќе го натера нејзиното момче, актерот Тејлор Кини да ја запроси. „Таа е решена да премине од поп ѕвезда во филмска ѕвезда. Гага мисли дека ако се откаже од лудиот ’рок енд рол’ стил на живот, Тејлор ќе ја побара за жена“ – изјавил изворот за National Enquirer

Кини веројатно ја сака токму каква што е и го прифаќа нејзниот стил на живот. Со тоа што ќе премине од една во друга „гранка“ на шоу бизнисот, не значи дека ќе има посмирен стил на живот. Изворот исто така рекол дека Гага е всушност традиционална девојка и сака да се смири. 

Наводно, таа е толку сериозна за започнувањето на актерска кариера што почнала да зема часови за глума за да може евентуално да игра улога во некој мјузикл, како што е актуелниот хит „Клетници“ (Les Misérables), а исто така си поставила цел да освои и Оскар во наредните пет години, како и тоа да работи со генијалниот Квентин Тарантино, кој во неодамнешно интервју рекол дека е нејзин голем фан и дека таа е прекрасна личност.

Нејзиното филмско деби во филмот „Machete Kills“ е закажано за годинава, каде што игра и Чарли Шин, а исто така ќе ја видиме и во документарниот филм за нејзиниот живот, кој го снима заедно со нејзиниот пријател, фотографот Тери Ричардсон.

 

 Извор: popcrush

 



Врати се горе ↑