3 јули, 2013

Гага Лубуриќ дебитира на македонската сцена

Гага Лубуриќ кариерата од Србија ја сели во Македонија. Со песната „За години сто“ која има и видео запис, Гага ќе го направи дебито на нашата музичка сцена. Гага е име за кое допрва ќе се чуе кај нас, иако тој воопшто не е дебитант во светот на музиката, од едноставна причина што до сега работел само во соседна Србија. Пионерските чекори на македонската музичка сцена ги прави поради неколку причини, а главната е тоа што неговото срце го зароби Македонката Весна и што тој од неодамна живее кај нас и е македонски зет. Зад првенчето со наслов „За години сто“ стојат Славиша Киброски, автор на музиката и аранжманот, и Огнен Неделковски, кој го потпишува текстот, а видео записот е дело на К-тим продукција.

Видеото е работено на неколку локации низ Скопје, како Старата чаршија, и во него освен Гага се појавува и преубавата Маријана.



Врати се горе ↑