Аудио 11148711_10152744067817401_2169084545844596149_n

8 април, 2015

„Fun“ е новиот сингл на Питбул и Крис Браун

Како шести сингл од актуелниот, осми по ред студиски албум „Globalization“, кој Питбул го објави во ноември минатата година, ќе биде исфрлена темата „Fun“. Во овој потенцијален хит со конга бит, кој е збогатен со ретро звуците од осумдесеттите, искористен е семпл од познатата песна „Conga“, која во 1985 година ја претставија Глорија Естефан и „Мајами саунд машин“. Песната ја сними во соработка со колегата Крис Браун, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑