Промоции Foolish Green

7 февруари, 2014

„Фулиш грин“ промовираат нов видео запис

ФУЛИШ ГРИН (FOOLISH GREEN) – младиот алтернативен состав кој се појави како неочекувано и најпријатно изненадување на домашната музичка сцена, овој викенд го претставува официјалниот видео запис за песната „Fade Away“. Видео записот ќе биде промовиран на интернет, а ќе биде премиерно објавен во недела (9-ти февруари 2014) во 22:00 часот, преку официјалниот ЈуТјуб“ канал на „Фулиш грин“.

„Fade Away“ е песна објавена на „Escape“, првиот и повеќе од успешен албум на „Фулиш грин“. Автор и продуцент на песната е Ненад Стефаноски, a микс и мастеринг на песната направи Дарко Спасовски – Пацки (Quasar studios). За изработка на видео записот пак, икористени се материјали од анимираниот филм „Сказка сказок“ на легендарниот руски аниматор Јури Норштејн, а видео монтажата е на Ненад Стефаноски.



Врати се горе ↑