Македонија ImageProxy (2)

4 јули, 2014

„Фулиш грин“ на турнеја во Германија

Алтернативниот состав „ФУЛИШ ГРИН (Foolish Green) заминува на летна турнеја во Германија, во градот Улм каде што ќе биде дел од „Донау Поп Камп“ (Donau Pop Camp) програмата.  Како единствен претставник од Македонија, „Фулиш грин“ ќе престојува во Германија недела дена од 4 до 10 jули, каде што групата ќе биде дел од работилници, радио перформанси, фото сесии, но секако и концертни настапи. Настапите на „Фулиш грин“ ќе се одржат на 6 јули во клубот „Шили“ (Schilli), потоа на 9 јули во „Донаујугенд-Камп“ (Donaujugend-Camp), а секако и на затворањето на самиот „Донауфест“ во Улм.

„Донау Поп Камп“ е инаку дел од Интернационалниот Дунав Фестивал (International Danube Festival). Имено, станува збор за проект креиран од група млади луѓе и во организација на „Попбастион Регион Улм Донау“ (Popbastion Region Ulm Donau), со цел да се поддржи размената на млади музичари од различни земји кои се во близина на реката Дунав и да го поттикне развојот на нивната кариера, како и размената на исикуства и усовршување на музичките вештини со помош на реномирани музички експерти.



Врати се горе ↑