Свет FooFightersDC060511

23 февруари, 2013

Фу Фајтерс подготвуваат нов албум

При неодамнешната посета на Лондон, каде што Дејв Грол и неговите колеги од Нирвана во живо ја промовираа музиката од својот документарец за студиото „Саунд сити“, фронтменот на Фу фајтерс откри дека откако деновиве ќе се врати дома, групата ќе почне да работи на нов албум.

„Утре се враќам во Лос Анџелес за да почнеме со работа на новото издание на Фу фајтерс“ – изјави Грол во текот на гостувањето во Лондон. Оваа вест ги израдува фановите на бендот бидејќи многумина од нив беа загрижени за иднината на групата поради многубројните одделни проекти на Грол, како и поради неговата минатогодишна изјава на фестивалот Лидс, кога навести дека Фу фајтерс  ќе направат пауза во работењето.

Последниот албум на бендот „Wasting Light“ се појави во 2011 година.



Врати се горе ↑