Аудио ffsh

17 октомври, 2014

„Фу фајтерс“ го најавија новиот албум со „Something From Nothing“

Американскиот рок бенд „Фу фајтерс“ го претстави првиот сингл со кој го најавува своето претстојно студиско издание насловено „Sonic Highways“, закажано за 10 ноември. Станува збор за темата насловена „Something From Nothing“, која можете да ја слушнете во продолжение.

 

Во придружба на албумот, бендот ќе го претстави и истоимениот документарен во кој ќе се појават и други познати музички имиња како што се Доли Партон, Чак Ди од „Паблик енеми“, Џоан Џет и други. Промотивниот трејлер можете да го погледнете во продолжение, а веднаш потоа и списокот со песни кои ќе се најдат на новото издание.

‘Something From Nothing’
‘The Feast And The Famine’
‘Congregation’
‘What Did I Do?/God As My Witness’
‘Outside’
‘In The Clear’
‘Subterranean’
‘I Am A River’

Извор: NME



Врати се горе ↑