Свет frank-ocean-lead

22 февруари, 2013

Френк Оушн сними песна со „Депеш моуд“

Како што пишува магазинот Идолатор, Френк Оушн за време на неговото гостување во Би-би-си Радио 1  во вторникот открил дека има снимено 10 или 11 песни за неговиот следен албум и како соработници ги споменал Фарел и Дејнџр Маус. Но, најинтерсната новост е тоа што една нумера е снимена заедно со познатиот бенд „Депеш моуд“ и тоа благодарение на близината на студијата во кои снимале, а песната веројатно ќе се најде на изданието кое ќе го наследи успешниот „channel ORANGE“.

Всушност, песната ја снимил со половина од „Депеш моуд“. Фронтменот Дејв Гахан за „Ентертејнмент уикли“ (Entertainment Weekly) изјавил дека Оушн работел во студио во Њујорк, додека „Депеш моуд“ биле во близина снимајќи сесија за нивниот претстоен албум „Delta Machine“, кога еден од членовите на екипата на Френк им пришол. „Ние бевме во студио во Њујорк, снимавме некои нумери во живо и привршувавме со сесијата. Јас пеев, Мартин свиреше на гитара и присутни беа уште неколку момци“ – рекол Гахан, додавајќи: „Забележав дека еден човек стоеше таму само гледајќи. Асистентот ми пријде во паузата меѓу две песни и ми рече ’Се извинуваме, Френк Оушн е тука, работи во другото студио и навистина сака да се запознае со вас’. Не ни помислував дека знае кои сме ние, но испадна дека тој е наш голем фан“.

Токму од таа средба се роди нумерата која Оушн ја снимил со Мартин Гор од „Депеш моуд“ и Кристофер Берг, продуцентот на „Д Најф“. „Мислам дека песната ќе биде дел од неговиот нов албум. Мартин направи некои електронски и модуларни синтисајзерски работи што навистина ги сакаше.“ – додал Гахан.

 



Врати се горе ↑