Галерија 6

10 септември, 2014

„Free Zone Festival“ запаметен по одличната забава!

Второто издание на слободната фестивалска зона, односно „Free Zone Festival 2014“ се одржа во неделата, на 7 септември, под мостот Близнак во општина Аеродром. Со посетеност од над 5000 расположени гости, забавата траеше до 5 часот наутро, а заврши со настапот на диџеј Ник Капа и Future INC.

Локацијата која беше посебно прилагодена за потребите на фестивалот се покажа како супер место погодно за журка, а со пунктовите за пијалаци и храна, одличното осветлување на просторот и урбаниот звук, „Free Zone“ доби целосна слика на фестивал.

Забавата започна точно во 20.00 часот со настапот на диџеј Че, a по него настапија Future INC и Марко Логаут. После полноќ следуваше и настапот на ѕвездата на вечерта, Бора Чорба кој, иако под дејство на алкохол, не ги остави рамнодушни посетителите кои два часа во еден глас ги пееја неговите добро познати хитови.


Општина Аеродром, втора година по ред доби одличен фестивал кој прераснува во традиција, а на градот Скопје се наметнува како сериозно музичко случување кое од година во година ги зголемува своите капацитети. Иноватива Груп се заблагодарува на сите кои беа дел од фестивалот, а за оние кои не присуствуваа, сведоштво за добрата забава се  фотографиите во прилог кои ја доловуваат атмосферата на оваа „слободна фестивалска зона“.

Се гледаме во 2015-та!



Врати се горе ↑