Настани Free_Zone-01

21 август, 2014

„Free Zone Festival“ по втор пат во општина Аеродром

Оваа година фестивалот „Free Zone“ прави традиција на своето одржување со тоа што се случува втора година по ред во општина Аеродром. Годинава ќе се одржи на 7 септември (недела), под мостот Близнак во општина Аеродром. „Free Zone” е предвидено да започне во 21.00 часот и да трае сè до 05:00 часот наутро. Фестивалот е од јавен карактер, отворен за сите посетители, без влезна карта.  Жанровски е поделен на хип-хоп, рок и денс музика.

Настапуваат: диџеј Че(хип-хоп), аналогното дуо Future INC, европски познатиот диџеј Ник Капа, Марко Логаут и главниот артист Бора Чорба од „Рибља Чорба“, кој вечерта ќе одржи концерт за сите посетители. Минатата година на овој фестивал настапија Слаткаристика, Тајзи, Газда Паја, Ареа, Морал, Марко Логаут и Георги Шарески со диџеј Маци, а како изгледаше сето тоа можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑