Настани Free_Zone-01

3 септември, 2014

„Free Zone Festival“ оваа недела во општина Аеродром

На 7 септември (недела), со почеток во 20.00 часот, под мостот Близнак на кејот во Ново Лисиче, општина Аеродром, по втор пат ќе биде прогласена слободна зона за забава.  Фестивалот „Free Zone“ оваа година нуди повеќечасовна забава сè до 05:00 часот наутро.

Иноватива Груп на овој фестивал Ви ги најавуваат: Бора Чорба од „Рибља Чорба” со 2 часовен концерт, европски познатиот диџеј Ник Капа, а пред нив ќе настапат Марко Логаут,  електронското дуо Future INC и диџеј Че. Како и лани, така и оваа година „Free Zone“ e без влезни билети. Локацијата под мостот Близнак  во општина Аеродром ќе биде посебно урбано трансформирана за потребите на фестивалот со поставени шанкови за пијалаци и пунктови за храна.

Ден пред најголемиот државен празник (неработен ден), на 7 септември, се гледаме на Free Zone фестивал, поддржан од општина Аеродром.

Како помина минатогодишната прва „Слободна фестивалска зона“, можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑