11 јануари, 2013

Франка Бателиќ ја слави љубовта „Пред сите“

Хрватската пејачка Франка Бателиќ деновиве го промовираше видео записот за нејзиниот најнов сингл „Пред свима“. Интересен и необичен видео запис во кој се раскажува необична љубовна приказна за обичен пар. „Раскажавме приказна за љубовта која има свои маани, мушички и ’ситуации’, но на крајот сакаш пред сите да викнеш дека ти е убаво.“ – изјавила Франка.

Видео записот се снимаше на шест различни локации низ Загреб, а режијата е на младиот и сè позафатен режисер Филип Диздар, кој сакал со слика да го прераскаже текстот на песната на Франка и да ги пренесе чувствата кои ги дожувуваат сите вљубени. „Момчето“ на Бателиќ го одигра манекенот Петар Дуганџиќ.

„Пред свима“, песната за која текстот го напиша Франка, настанала како соработка со успешниот и искусен музички продуцент Бранимир Михаљевиќ.



Врати се горе ↑