Концерт

5 август, 2017

„Фрајлите“ вечерва на Градиште 2

Популарната новосадска четворка „Фрајле во моментов се на летна турнеја низ регионот, во чии рамки го промовираат материјалот од својот нов албум „Љубав на дар“, објавен во април годинава. Августовскиот дел од турнејата ја опфаќа и Македонија, односно плажата Градиште 2 во Охрид, каде што вечерва ќе настапат пред македонската публика и бројните туристи што во моментов уживаат во убавините на бисерот балкански.

„Едвај чекаме да дојдеме во Охрид. Минатата година имавме незаборавна дружба во градот под Самоиловите тврдини и не се ни сомневаме дека и годинава ќе си заминеме со исто толку убави спомени“, велат „Фрајлите“.

Влезниците за концертот се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, лаунџ барот „Ноа“ во Охрид, на самата плажа, станица Стража и ресторанот „Острово“. По повод настапот на „Фрајле“ на Градиште 2, бродот „Александрија 1“ ќе воведе специјална линија од Охрид до Градиште. Пoаѓањето ќе биде во 21 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето од Градиште ќе биде во 1 часот по полноќ.



Врати се горе ↑