Концерт 20108674_10154978072189069_137794420253700523_n

1 август, 2017

„Фрајлите“ в сабота со концерт на Градиште 2

Популарната новосадска четворка „Фрајле“ во моментов се на летна турнеја низ регионот, во чии рамки го промовираат материјалот од својот нов албум „Љубав на дар“, објавен во април годинава. Августовскиот дел од турнејата им започнува утре, со настап во Корчула, а продолжува в сабота, 5 август, на плажата Градиште 2 во Охрид.

Едвај чекаме да дојдеме во Охрид. Минатата година имавме незаборавна дружба во градот под Самоиловите тврдини и не се ни сомневаме дека и годинава ќе си заминеме со исто толку убави спомени“, велат „Фрајлите“. Влезниците за концертот се во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, лаунџ барот „Ноа“ во Охрид, на самата плажа, станица Стража и ресторанот „Острово“.



Врати се горе ↑