Аудио frajle-vo-kosi-da-ti-spijam

6 февруари, 2016

„Фрајлите“ ја преработија „Во коси да ти спијам“ од Тоше

На својот неодамна промовиран албум „Б страна љубави“, популарната српска група „Фрајле“ ја смести и оваа одлична преработка на големиот хит „Во коси да ти спијам“, кој ги одбележа почетоците на нашата легенда Тоше Проески. Новиот аранжман на оваа песна, чии автори се Григор Копров и Огнен Неделковски, го направи Анте Гело, а како звучи сето тоа во изведба на шармантните „Фрајли“ можете да слушнете во продолжение.

 

Девојките наскоро ќе имаме можност да ги видиме во Македонија, кога ќе настапат како специјални гости на претстојниот концерт на Жељко Бебек во Скопје.



Врати се горе ↑