Балкан 4a073dfc-d485-4eb6-a0c3-7cb9f9a533f1

19 јануари, 2016

„Фрајлите“ го промовираа новиот албум и соработката со Тијана Дапчевиќ

Невена, Јелена, Марија и Наташа, новосадскиот бенд познат како „Фрајле“ (The Frajle) неодамна го објавија новиот албум, продолжувањето на хуманитарната соработка со Здружението „Сѐ за неа“ (СВЕ за ЊУ), но и новата соработка со Тијана Дапчевиќ на песната „Животе крени“.

Со албумот „Б страна љубави“, во издание на „Аквариус рекордс“, „Фрајлите“ повторно направија чекор напред, донесоа нов звук, песни на шпански и француски и сѐ тоа низ соработките со Анте Гело, Алка Вуица, Горан Каран и Мањифико. Продуцент на албумот е Војислав Аралица. Со овој албум, „Фрајлите“ ја продолжуваат и својата хуманитарна мисија помагајќи на здружението „Све за њу“ и на жените заболени од рак, за кои одвојуваат голем дел од средствата од продажбата на новиот албум.

Во рамките на минатогодишната акција и соработка со „Фрајле“, преку продажбата на нивниот албум „Мени требаш ти“ собрана беше значтелна парична сума за финансирање на работата на Центарот за психолошка поддршка на жените заболени од рак. За 5 месеци беа продадени 4.413 примероци што е респектабилна количина на продажба во денешно време. „Фрајле“ покажаа дека не случајно постигнаа ваков успех. Толкав број на продадени примероци во Хрватска ги стави во категоријата на 5 најбарани изведувачи за минатата година во оваа земја.

НОВА СОРАБОТКА!
Тијана Дапчевиќ и ФРАЈЛЕ – „Животе крени“

По три студиски албуми, голем број соработки со различни уметници и колеги од музичката сцена, „Фрајлите“ имаат и прв студиски дует. Тие гостуваат на новиот сингл на Тијана Дапчевиќ насловен „Животе крени“.

Урбаниот хумор на Тијана и „Фрајле“ и мелодијата која ве тера да заиграте уште на првиот такт ги споија овие девојки за песната „Животе крени“ да ја изведат на најдобар можен начин. Тијана, својот последен албум Музика“ го објави во 2010 година, во меѓувреме објави и неколку синглови, па оваа соработка е една од најавите на новиот албум кој таа го подготвува.


„Тијана е прекрасен уметник, духовита и своја. На снимањето супер се забавуваме. Песната веќе ја изведувавме претходно на концертите во Сава Центар и Српскиот народен театар, а публиката прекрасно реагираше. Песната е една боемска молба во која се вткаени прашањата на денешницата, музичката ситуација во Србија. Прашањата се сериозни, но ние ги поставуваме на еден шеговит и кроток начин“, коментираат „Фрајлите“ за соработката со Тијана, на песната која веќе ја освои публиката.

Тијана со неколку реченици на свој духовит начин го искажа своето видување за песната:
„Новата песна која јас и ‘Фрајле’ ја подготвивме за сите вас е песна за сите нив. Кога велам ‘нив’, мислам на оние кои се повикани во песната, а тоа секако не е никој од нас, ниту вас, бидејќи никој нема да помисли дека песната е баш за него. Бидејќи песните не обрнуваат многу внимание на тоа кој ги пее, тоа и престанува да биде важно. Тие служат да бидат тука. Тоа им е работа. А на сите нас ни е работа да си допуштиме да не сме на работа. Да уживаме. Да молчиме. Да зборуваме. Да танцуваме. Први да се јавиме. Да не се јавиме воопшто. Да ја искулираме нервозата. Стоката да ја испратиме во… прошетка. Да пееме. Да наточиме уште една. И повторно да пееме. Секогаш да пееме.“

 



Врати се горе ↑