Галерија Филип Лафазановски - Наслов- 5-48 AM - Категорија- Климатските промени и туризмот

8 октомври, 2015

Фото конкурс: Фотографирај, победи, помогни

Доколку ги препознавате климатските промени и ефектите што тие ги имаат во нашето секојдневие, а воедно сте и љубител на фотографијата, вклучете се во фото конкурсот #ДелувајСега.

Веќе 3 месеци група ентузијасти кои сакаат да придонесат во лоцирање на проблемите со климатските промени во Република Македонија, преку своите објективи активно испраќаат фотографии и ги посочуваат локациите кои тие ги фокусирале на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук.

За учество во конкурсот, сите фотографии со кои се пријавуваат учесниците, може да бидат фотографирани со каков било уред, без разлика дали се работи за професионален DSLR апарат, обичен мал фото апарат или мобилен телефон.

Само за потсетување, кандидатите можат да ја пријават својата фотографија или фотографии во било која од следните десет категории:

*  Климатските промени и водата

*  Климатските промени и здравјето

*  Климатските промени и туризмот

*  Климатските промени и транспортот

*  Климатските промени и културното наследство

*  Климатските промени и шумите

*  Климатските промени и земјоделството

*  Климатските промени и природните катастрофи

*  Климатските промени и биодиверзитетот

*  Климатските промени и обновливите извори на енергија

Членови од јавноста можат да фотографираат со која било камера и да ги пратат своите фотографии директно во инбокс на фан страната #ДелувајСега на Фејсбук до 15 ноември 2015 година, со име и презиме, контакт телефон, наслов на фотографијата и категорија под која што ја пријавуваат или преку електронска пошта на deluvajsega@gmail.com

Авторите на најдобрите 20 фотографии ќе добијат велосипеди или фото-камери.

Победниците ќе бидат селектирани врз основа на лајкови на Фејсбук (50%) и врз основа на гласови на интернационално жири (50%), најдоцна до 30 ноември 2015 год.

Авторските права на сите фотографии ги задржува сопственикот на истите, а со самото испраќање на фотографиите и вклучувањето со нив во фото конкурсот учесникот дава согласност фотографиите да се искористат само за промотивните цели на овој фото конкурс.

Овој фото конкурс е организиран од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Француската Амбасада во Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, со цел да се подигне свеста за ефектите кои ги имаат климатските промени.

Ова се некои од најпопуларните фотографии до сега кои беа испратени од фото ентузијастите кои се вклучија во овој конкурс.

Елена Пеева – Наслов: Nature is the art of God; Категорија – Климатските промени и водата

Тоши Трајчев – Наслов: Брегалница излеана; Категорија – Климатските промени и природните катастрофи

Теодора Ваклинска – Наслов: The lonely tree (село Гари – Дебарско); Категоријa- Климатските промени и шумите

Марјан Петковски – Наслов: Earth lovers; Категорија – Климатските промени и шумите

Филип Лафазановски – Наслов: 5.48 AM; Категорија- Климатските промени и туризмот



Врати се горе ↑