Аудио 1146668_10151764472470751_1940732595_n

8 август, 2013

Фонија го најавува новиот албум со две нови песни

Македонската група Фонија на 3-ти септември ќе го издаде својот четврти албум во нивното шестгодишно постоење. Од издавачката куќа Направи заедно велат дека новиот албум со наслов „Мојот пекол“ е досега најзрелото парче музика од Фонија и дека тој заслужува целосно внимание. Албумот содржи десет песни на кои бендот работеше изминатиов месец со Ненад Трифуновски – Трипе во студиото MarryPhat, како и во нивното сопствено студио во Ѓорче Петров.

Новото издание го најавуваат два сингла: насловната „Мојот пекол“ и „Овој ден“. Кон издавањето на „Мојот пекол“, освен Направи заедно од Скопје, овој пат се приклучуваат и Сикстинајн рекродс од Скопје, како и Гилјотина од Љубљана, Словенија. По скопската промоција закажана за 3-ти септември во клубот „Хавана“, бендот ќе замине на нивната досега најголема турнеја која ќе ги опфати Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка, Чешка и Словенија.

Во продолжение слушнете ги двете нови песни.

 

 

 



Врати се горе ↑