Видео

23 мај, 2019

„Фолтин“ во живо од студиото „Алшар“: „Ми се води љубов“

Во пресрет на концертната промоција на новиот албум „Момóма“, која ќе се одржи оваа сабота (25 мај) во клубот „Кабрио“ во Скопје, битолскиот состав „Фолтин“ нè почести со изведба во живо на првата песна од новото издание – „Ми се води љубов“. Видеото е снимено во студиото „Алшар“, каде што Ивица Јанкуловски – Штраф ги направи и миксот и мастерингот на новиот материјал, потпишувајќи се и како инженер на звук, со асистентката Бисера Атанасова.

Славчо Јовев на тапани, Гоце Јованоски на бас, Пеце Трајковски – Брада на гитара и синтизајсер, Пеце Николовски на кларинет, Петар Димитровски на пијано и вокалистот Бранислав Николов ги снимаа Стефан Рајхл, Петар Аврамоски, Филип Ѓоѓиоски и Антон Лазаревски, а видео-монтажата ја направија „Тоун бандитс“. 

 

После скопската промоција, бендот ќе го претстави новиот материјал и во Домот на млади во Штип, каде што на 2 јуни ќе настапи во рамките на фестивалот „Сигнал, а потоа продолжува надвор од нашите граници, односно на 8 јуни ќе свири во Софија, на 13 јуни во Љубљана, а на 14 јуни во Минхен.



Врати се горе ↑