Концерт 11140296_859630404085304_1159929896924169870_n

11 јуни, 2015

„Фолтин“ со концертна промоција на „Пијан славеј“ во Битола

В сабота, 13 јуни, со почеток од 21 часот во Центарот за култура во Битола ќе се одржи концертна промоција на неодамна објавениот албум на „Фолтин“„Пијан славеј“. Групата пред своите сограѓани во живо ќе ги изведе песните од новото издание, кое веќе доби одлични критики од целиот регион, а беше најавено со песната „Ела си в кревет“. Влезниците за настанот можат да се набават во билетарницата на Центарот за култура – Битола, по цена од 150 денари.

 

По битолската промоција, следната сабота (20 јуни) „Фолтин“ ќе настапат и на 4. издание на „Sound of Green Festival 2015“ во летниот клуб „Хавана“ во Скопје, а во јули ќе бидат дел и од јубилејното 5. издание на „Д фестивал“ во Дојран.



Врати се горе ↑