Концерт

26 април, 2019

„Фолтин“ со концертна промоција на новиот албум „Момóма“

Битолскиот состав „Фолтин“ минатата недела го објави својот нов, деветти по ред студиски албум „Момóма“, на кој се сместени вкупно шест нови песни и кој е опишан како нивниот најзрел албум досега. Бендот уште тогаш најави и концертна промоција, а сега го имаме и точниот датум и локација каде што ќе љубителите на квалитетната македонска музика ќе имаат можност да се дружат со битолскиот бенд, а тоа ќе биде на 25 мај (сабота) во клубот „Кабрио“ со почеток од 21.00 часот.

Влезниците за овој настан се веќе пуштени во продажба по цена од 400 денари, а истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и онлајн на www.kupikartizase.com.



Врати се горе ↑