Видео

23 јануари, 2017

„Фолтин“ и Никола Ристановски во чест на Дејвид Боуви

Во петокот, 20 јануари, Младинскиот културен центар го прослави својот 45. роденден, а во рамките на прославата настапи и битолската група „Фолтин“, која одржа концерт во чест на легендарниот британски музичар Дејвид Боуви. На сцената во денсинг салата им се придружи и познатиот актер Никола Ристановски, со кого заеднички го изведоа хитот „Heroes“, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Емилија Маневска (Фејсбук)



Врати се горе ↑