Аудио 11140296_859630404085304_1159929896924169870_n

6 мај, 2015

„Фолтин“ го објави новиот албум „Пијан славеј“

Битолскиот состав Фолтин неодамна го најави својот нов албум со одличната Ела си в кревет, а сега сите шест песни од изданието насловено „Пијан славеј“ веќе се достапни за преслушување на Јутјуб. Групата соопшти дека местата каде што ќе се продава албумот ќе бидат објавени наскоро.

Покрај насловната тема и „Ела си в кревет“, албумот ги содржи и песните „Облаче“, „Купидон“, „Ми падна газо“ и „Слободната љубов“, а сето тоа можете да го преслушате во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑