Видео

30 јули, 2019

Фолклорен ансамбл од Мексико вистинска атракција во Битола

Битола и Широк Сокак деновиве живеат во ритамот на „Илинденските денови“, чие 49. издание е исполнето со фолклорни игри и песни од целиот свет, привлекувајќи го вниманието на битолчани и бројните туристи што го посетуваат градот на конзулите во летниот период. Особено внимание привлече и фолклорниот ансамбл од Мексико, чии членови беа исто толку воодушевени од Битола.

„Македонија нè сака и ние ја сакаме неа“, напишаа тие споделувајќи видео од настапот во срцето на Битола. „Танцуваме на ’Хидалгенската венчавка’ на централниот плоштад во Битола, Македонија, и имавме можност да се соживееме со прекрасните луѓе од овој малечок град.“

✨ MACEDONIA NOS AMA Y NOSOTROS A ELLA TAMBIÉN ✨ Hoy bailamos "Boda Hidalguense" en la Plaza Principal de Bitola, Macedonia y tuvimos la oportunidad de convivir con toda la hermosa gente de esta pequeña ciudad. #SelloCFR #GiraCFR2019 🤠💯

Gepostet von Conjunto Folklórico Regiomontano am Montag, 29. Juli 2019

 

Во рамките на вечерашниот, претпоследен фестивалски ден, љубителите на музиката и културата ќе имаат можност да уживаат со староградска музика и игра од цела Македонија, со уметнички друштва од Штип, Кавадарци, Велес, Прилеп, Гевлегија и од Битола. Настанот ќе се одржи на сцената во старата битолска чаршија, кај Малиот битолски монмартр.

Вечерва е 4 фестивалска вечер и ќе се одржи на сцена во Старата битолска чаршија кај Малиот битолски Монмартр.Концерт…

Gepostet von Ilindenski denovi am Dienstag, 30. Juli 2019

 

За утрешното затворање на фестивалот, пак, во античкиот локалитет Хераклеја концерт ќе одржат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.



Врати се горе ↑