17 ноември, 2013

Фло Рајда сними видео запис во Лас Вегас: Погледнете го „How I Feel“

34-годишниот Трамар Лејсел Дилард, познат како Фло Рајда деновиве го претстави видео записот за вториот сингл со кој најавува неговиот петти студиски албум насловен „The Perfect 10“, кој би требало да излезе до крајот на годинава. Имено, за песната насловена „How I Feel“ која содржи дел од познатиот хит „Feeling Good“ на Нина Симон, Фло Рајда сними видео запис во познатиот „Град на гревовите“ – Лас Вегас, а друштво му прават згодни девојки. Видео записот во режија на Шејн Дрејк можете да го погледнете горе.

„The Perfect 10“ ќе биде петто студиско издание за раперот, кое ќе го наследи успешниот „Wild Ones“ од 2012 година. Првата песна од новото издание беше темата „Tell Me When You’re Ready“ во која гостува колегата Фјучр, а како прв официјален сингл беше издадена „Can’t Believe It“ во соработка со Питбул. Актуелниот втор сингл „How I Feеl“ премиерно го претстави деновиве во емисијата „The Voice“,  а во изведбата му помогна колешката и судијка во тој музички натпревар, Кристина Агилера.



Врати се горе ↑