3 декември, 2014

„Фламингоси“ со песна посветена на Македонките

Популарното српско дуо „Фламингоси“ вчера ја претстави својата нова песна насловена „Македонка“. Во ритамот на македонските 7/8, водителот Огнен Амиџиќ и актерот Маринко Маџгаљ, кои се потпишуваат и како автори на музиката, ја опеваат убавината на нашата земја и, секако, Македонките.  Екранизацијата на оваа песна, чиј аранжман го потпишува Марко Кон, се снимаше на повеќе локации во Македонија, а главните улоги ги имаат манекенката Емилија Розман и моделот Марко Поповски.

За помалку од 24 часа видео записот собра над 30 илјади прегледи на ЈуТјуб, а песната стана вистински хит на целиот Балкан. Како изгледа и звучи сето тоа можете да слушнете и видите горе.

 



Врати се горе ↑