Аудио p-jr-fb

25 јули, 2014

„Fireball“ е новиот сингл на Питбул

По сингловите „Timber“ и „Wild Wild Love“, Питбул деновиве ја претстави својата нова песна насловена „Fireball“, која ја најави како главен сингл од неговиот нов и осми по ред студиски албум „Globalization“, за кој сè уште не се познати никакви детали, така што новото соопштение може да значи дека претходните две песни нема да се најдат на албумот. По серијата гостувања на женски вокали, во новиот сингл на популарниот „Господин 305“ овој пат гостува пејачот Џон Рајан, а како звучи „Fireball“ можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑