24 април, 2015

„Fire Meets Gasoline“ од Сиа во реклама за новата кампања на Хајди Клум

Австралиската кант-авторка Сиа, која во моментов е актуелна и со соработката со „таткото на диско музиката“ – Џорџо Мородер, својата песна „Fire Meets Gasoline“ од албумот „1000 Forms Of Fear“, ја позајми за новата кампања за долна облека на светскиот топ модел Хајди Клум.

„’Fire Meets Gasoline’ не е официјален видео запис, ниту е мојот нов сингл. Тоа е реклама за долна облека, за којашто дозволив да се искористи мојата песна“, појасни пејачката на социјалните мрежи.

Покрај Клум, во рекламата се појавува и ѕвездата од серијата „Игра на тронови“Педро Паскал, а режијата ја потпишува Франческо Кароцини. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑