Аудио Moondance2

21 март, 2014

Финалистката од „Првиот глас на Србија“ гостува во новиот сингл на Мунденс

Искусната екипа која минатата година прослави една деценија постоење и објави ново студиско издание, продолжува со концертни активности кои ги најавува пласирањето на новиот сингл во кој гостува Дарија Лукиќ, учесничка во натпреварот „Првиот глас на Србија“, како и гитаристот Милан Јевтовиќ. Официјалниот нов сингл од актуелниот албум „Tell Your Boss To Shut The Fuck Up“ е песната „Silly Boy“.

„’Silly Boy’ ни е една од омилените песни од албумот бидејќи ја има онаа чил-аут атмосфера во која прекрасно се вклопија гласот на Дарија и звуците на Милан. Тоа е малку сатирична приказна за денешните машко-женски односи во кои повеќе не се знае кој е предаторот.“ – вели Небојша Милутиновиќ Мита, лидерот на групата Мунденс.

Синглот е најава за продолжението на промотивната турнеја по повод новиот албум во чии рамки Мунденс веќе свиреше во дваесетина градови ширум Србија. Во наредните деновие ќе бидат познати деталите за новите свирки, а се очекува концертите да продолжат надвор од границите на Србија.

 

 

 

 



Врати се горе ↑