Македонија 5fm talent

15 август, 2013

Финале на првиот ФМ Талент на 5 ФМ Радио – Велес

На 21-ви август (среда) во амфитеатарот во Младинскиот Парк во Велес, со почеток во 21:00 часот ќе се одржи финалната вечер на радискиот фестивал на 5 ФМ Радио – „ФМ Талент”. Седум финалисти, кои беа одбрани во текот на шестмесечните елиминации, ќе се борат за приматот „ФМ Талент 2013”. Нив ќе ги придружува бенд во живо, составен од професионални музичари, а формиран специјално за оваа манифестација, па логично го доби името „ФМ Талент Бенд“.

Секој финалист ќе испее по една музичка нумера, која ја избрал. Ова е редоследот по кој седумте финалисти ќе настапат на финалето:

Александар Темелков

 
Стефани Алчева 

 
Мими Јовановска 

 
Марија Попчева 

 
Драгана Андреевска и Теодора Ботарева 

 

 

Жарко Тодоров 

 
Марија Мијакова

 

Победникот ќе добие можност за музичка кариера, преку компонирана песна, која ќе биде снимена во професионално музичко студио и видео спот за песната. Манифестација ќе се пренесува во живо на локалната телевизија Канал 21 и на 5 ФМ Радио, на 107.1 MHz и www.5fm.mk.

Влезот за сите посетители е бесплатен.



Врати се горе ↑