Свет nicki_minaj_cameron_diaz

27 април, 2013

Филмско деби за Ники Минаж покрај Камерон Дијаз

Голем е бројот на музички имиња кои влегоа и во светот на филмовите. Таков е и случајот со Ники Минаж, која деновиве ја доби и својата прва филмска улога, пренесуваат американските медиуми. Имено, за новиот филм „The Other Woman“, во кој главната улога ќе ја има Камерон Дијаз, Ники ќе се појави како нејзина асистентка во правна фирма.

Минаж веќе има едно филмско искуство – таа го позајми гласот за мамут во анимираниот филм „Ice Age: Continental Drift“, заедно со Дрејк. Покрај Дијаз и Минаж,  улоги во филмот ќе имаат и Лесли Мен и Кејт Аптон.  

Извор и фото: hollywoodreporter.com

 

 



Врати се горе ↑