Македонија osk

11 јануари, 2017

Филмот „Ослободување на Скопје“ прикажан на фестивалот во Палм Спрингс

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија беше прикажан на 28. Филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата за странски филмови, „Awards Buzz Fest Foreign Language Film“, соопшти продукцијата „Партизанс“.

„Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана на 11 јануари 2017 година во киното ’Регал’. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија“, соопшти „Партизанс“.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж. Главните улоги ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац.

„Ослободување на Скопје“ беше и македонскиот кандидат за престижната академска филмска награда Оскар, но за жал не успеа да влезе во потесниот круг. Вкупно 85 земји учествуваа во овој избор, а само 9 од нив сега ќе се борат да бидат меѓу петте номинирани. Номинациите за 89. доделување на Оскарите се бидат откриени на 24 јануари, а самата манифестација ќе се одржи на 26 февруари.



Врати се горе ↑