Видео

4 јануари, 2019

Филип Пешевски го препеа Оливер Драгојевиќ

По минатогодишното соло-деби на „Макфест 2018“ со темата „Кукло моја несудена“, младиот и талентиран пејач Филип Пешевски годинава ја започна со одлична преработка на песна од својот легендарен колега Оливер Драгојевиќ. Станува збор за емотивната балада „Вјеруј у љубав“, која вокалистот на групата „Арија“ ја изведува придружувајќи се себеси на пијано, а сето тоа снимено во празнична атмосфера доаѓа како одлична музичка честитка за најубавиот период од годината.

Во новата година ви посакувам да верувате во повеќе ЉУБОВ бидејќи единствено со помош на љубовта и пријателството можеме…

Gepostet von Филип Пешевски am Dienstag, 1. Januar 2019

„Во новата година ви посакувам да верувате во повеќе ЉУБОВ бидејќи единствено со помош на љубовта и пријателството можеме да создадеме илузија бар на момент да не сме сами. Сè што ви е потребно е само љубов, таа ќе ве направи среќни и храбри“, порача Филип, заблагодарувајќи се за огромната поддршка и на сите убави моменти по кои ќе ја памети изминатата 2018 година.

Како звучи „Вјеруј у љубав“ во изведба на Филип Пешевски дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑