Аудио

11 септември, 2018

Филип Јордановски се враќа „Без тебе“

„Без тебе“ е новата песна на Филип Јордановски, со која пејачот триумфираше на поп-вечерта на годинашниот јубилеен, 25. по ред фестивал „Охрид-фест“. Со ова авторско дело на композиторот Владимир Дојчиновски и текстописецот Ристо Самарџиев, Филип ја освои првата награда од жирито.

Уживајте во мојата најнова песна за добра ноќ, се надевам дека ќе Ви се допадне! #beztebe #ohridfest2018 #winner #popnight

Gepostet von Filip Jordanovski am Sonntag, 9. September 2018

Триумфалното враќање на музичката сцена за Јордановски доаѓа после две години откако ја објави патриотската Вечна Македонија и емотивната „Погледни ме“, а двегодишната пауза е и повеќе од оправдана бидејќи пејачот во меѓувреме стана татко, а има и доста набиена агенда со настапи ширум Македонија.

Како звучи победничката „Без тебе“ дознајте во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑