21 септември, 2015

Филип Јордановски го претстави видео записот за „Погледни ме“

Филип Јордановски викендов го промовираше видео записот за својата нова песна насловена „Погледни ме“, која се снимаше во студиото на Јованови, видеото е снимено во ресторанот „Лира“, а го изработи продукцијата „Фабрика“. Во спотот се појавуваат една атрактивна девојка и саксофонист. Автор на музиката и текстот е Блаже Темелков, додека аранжманот го направи Јован Јованов. Покрај нив, придружните вокали ги отпеа Емилија Гиевска, гитарите ги отсвири Стефан Петановски, а сакс делниците, Љупчо Чедомирски.

„Се надевам дека ќе Ви се допадне и со задоволство ќе ја слушате“, им порача Филип на своите фанови, додавајќи дека со оваа песна заокружува точно 10 години активно присуство на македонската забавно-музичка сцена. Неговиот прв официјален настап беше на „Макфест 2005“ со песната „Љубов ќе завладее“ и оттогаш Филип реди настапи: вкупно 7 учества на „Макфест“, 3 учества на „Скопскиот фестивал“, 2 учества на „Охридски фестивал“, „Радискиот фестивал“ и учество на Интернационалниот фестивал во Хрватска – МЕФ.

Досега Филип снимил вкупно 5 видео спота, а покрај фестивалите, клубските живи свирки низ цела Македонија се она по кое најмногу го препознаваат неговите фанови. Како звучи и изгледа „Погледни ме“ на Филип Јордановски можете да погледнете горе. Уживајте!

Извор: Вистина



Врати се горе ↑