Видео

23 јули, 2019

Филип Хаџикојчев го препеа Џејмс Артур

Преработките на хитови од други изведувачи често се докажувале како одличен начин за лансирање на музичка кариера, но и за публиката подобро да ги запознае младите и надежни изведувачи, како што е гевгеличанецот Филип Хаџикојчев. Талентираниот пејач, кој учествуваше и во првата сезона на македонското шоу „Ѕвезда број 1“, деновиве ја претстави својата нова преработка на темата „Impossible“, чија најпозната верзија е на британската ѕвезда Џејмс Артур.

Токму со оваа песна, оригинално отпеана од Шонтел во 2010 година, Артур триумфираше на британскиот „Х фактор“ во 2012, започнувајќи ја успешната светска кариера, а се надеваме дека истиот ефект ќе го има и за младиот гевгеличанец. За неговата одлична изведба на овој хит, Филип доби поддршка од битолската продукција „Мјау-дакшн“ (MeowDuction Production), а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑