14 јуни, 2016

Филип Божиновски со нов сингл и видео запис за „Анџеле“

После макфестовската балада „Има ли вистина“, со која настапи на годинешното 31. издание на популарниот штипски фестивал, Филип Божиновски деновиве го објави својот нов сингл и видео запис. Станува збор за темата насловена „Анџеле“, чиј комплетен автор е Милан Раѓен, а за видео приказната се погрижи веќе докажаниот режисер Даниел Јовески. Снимањето се одвиваше на повеќе локации во Охрид, а главните улоги им припаднаа на Петар Маркоски и Мишела Спироска.

„Песната е баш за овој период, летна е, има добар ритам и се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне“, вели Божиновски, а како изгледа и звучи „Анџеле“ можете да погледете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑