Македонија Filip Bozinovski 01

31 мај, 2015

Филип Божиновски одржа лекција за пеење во „Ѕвездите на Гранд“

Нашиот фантастичен Филип Божиновски одржа лекција за пеење во „Ѕвездите на Гранд“ и повторно се врати во најпопуларното музичко шоу во регионот. Имено, во четвртокот (28 мај) се емитуваше баражна емисија во која продукцијата „Гранд“ им даде можност на испаднатите натпреварувачи да се вратат повторно на големата сцена и да докажат дека заслужуваат да бидат дел од неа. Неочекуван пресврт на настаните се случи кога нашиот натпреварувач Филип Божиновски се појави на сцената, а пред строгото жири ги отпеа песните „Опет си побиједила“ од Тони Цетински и „Рани на усните“ од Тоше Проески.

Божиновски не само што одржа лекција за пеење на сцената, туку и успеа да го победи својот против кандидат Раша Савиќ со резултат 6:0. Ана Бекута прва го скрши мразот и само неколку секунди откако запеа Филип кажа дека е одличен, додека легендарната Зорица Брунцлик изрази желба да сними дует со нашиот претставник.

„Кога еден ден ќе станеш познат и популарен, сакам да снимам дует со тебе“, изјави Зорица Брунцлик воодушевена од пеењето на Филип.

 



Врати се горе ↑