Аудио Filip-Bozinovski

6 февруари, 2013

Филип Божиновски „Љуби без страв“

Победникот на последниот циклус на М2 Проект: „Потрага по ѕвезда“ – младиот Филип Божиновски деновиве се појави со нова песна во македонскиот етер, јавуваат од М2 Продукција. Станува збор за нумерата насловена „Те љубам без страв“, чија музика ја потпишува Ламбе Алабаковски, текстот е на Елена Ристеска, а аранжманот на Дарко Димитров. Песната е снимена во студиото „Димитрови“.

Филип оваа песна за прв пат ја претстави на возобновениот, инаку некогаш многу популарен музички фестивал „Омладина“ што се одржа во декември 2012 година во Суботица, Србија. На овој фестивал Филип беше одлично прифатен и беше единствен претставник од Македонија.
„Те љубам без страв“  деновиве е пуштена по сите македонски радија, а на некои од нив стана инстант хит. Веруваме дека Божиновски и во иднина пријатно ќе не израдува со уште некоја убава нова песна. Во продолжение слушнете ја новата песна на М2 ексклузивецот Филип.

 



Врати се горе ↑