Аудио

5 декември, 2016

Филип Божиновски ја претстави „Таго моја“

После летниот хит „Анџеле“, Филип Божиновски неодамна ја објави својата нова песна насловена „Туго моја“, која сега доби и своја македонска верзија. Стиховите на „Таго моја“ се дело на Весна Веланте, а музиката и аранжманот ги потпишува композиторот Милан Раѓен, додека вокалот е снимен од страна на Дарко Димитров.

„Можеби оваа македонска верзија требаше да излезе порано, но сепак еве ја пред вас“, вели талентираниот пејач, кој оригиналната, српска верзија ја промовираше во октомври, а како звучи „Таго моја“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑