Аудио

26 ноември, 2017

„Фикшн“ за првпат свои „После дождот“

Скопското трио „Фикшн“ (Fiction), кое воглавно беше познато по преработките, односно акустичните верзии на познатите светски хитови, конечно ја има својата прва авторска песна. Темата носи наслов „После дождот“ и е авторско дело на членовите на групата, а продукција е на Виктор Георгиевски, додека миксот и мастерингот ги направил Љупчо Павловски.

„Драги пријатели, ни претставува огромно задоволство да ви ја претставиме нашата прва авторска песна ’После дождот’. Ова е песна која ја напишавме со многу љубов и желба, песна во која секој од нас се пронајде себеси и песна која уште толку нè зближи како бенд. Бескрајна благодарност до сите оние кои ни помогнаа кои се премногу за да ги наброиме. Искрено се надеваме дека ќе ви се допадне“, пишуваат членовите на триото во својот статус на Фејсбук, најавувајќи го својот прв официјален сингл.

фикшн

За оние што не знаат, триото „Фикшн“ го  сочинуваат: Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара и придружни вокали и Филип Андонов – гитара. Инаку, сите инструменти во песната се отсвирени од самите членови „Фикшн“.

Како звучи „После дождот“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина / Фотографија: Стефан Самандов



Врати се горе ↑