Видео

5 јуни, 2019

„Фикшн“ продолжува да освојува со „Техно“

Скопското рок-трио „Фикшн“ деновиве го промовираше својот нов сингл насловен „Техно“, кој е трето авторско дело за талентираните музичари и доаѓа по минатогодишниот „Некој друг“ и првенчето „После дождот. Момците се потпишуваат и како автори на стиховите, музиката и на аранжманот, а за снимањето, миксот и мастерот се погрижи Ангел Ќосев во студиото „Подрумот“, додека на тапани е Теодор Теодосиевски.

„Техно“ го визуелизираа камерманот Горан Талески и монтажерот Деан Стефков, а покрај музичарите се појавува и „женскиот“ модел Гоце Андонов.

Ни претставува огромно задоволство да ве известиме дека годинава за прв пат настапуваме на Д Фестивал – Дојран! Ќе ви…

Gepostet von Fiction am Dienstag, 4. Juni 2019

 

Вокалистот Петар Ѓуревски и гитаристите Виктор Захариев и Филип Андонов го најавија и својот прв настап на дојранскиот „Д фестивал“, каде што ќе свират на сцената „Москито“, а присутните ќе имаат можност први да го слушнат новиот материјал што ќе се најде на нивниот деби-албум на кој интензивно работат изминатиов период.

Јас сум заглавен во ретро, а она слуша техно!“, пеат „Фикшн“ во својот нов сингл, а како изгледа и звучи „Техно“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑