23 јуни, 2016

Фифти Сент и Крис Браун ги здружија силите за „No Romeo No Juliet“

„No Romeo No Juliet“ е насловот на новиот сингл од популарниот рапер Фифти Сент, во кој гостува колегата Крис Браун. Како самостоен сингл песната беше објавена пред околу еден месец, а сега стигна и официјалниот видео запис, кој можете да го погледнете горе.

Ова не е прва соработка со познатите музичари, кои неодамна беа актуелни и со дуетот „I’m The Man“, но ниту една од овие песни нема да се најде на долгоочекуваниот, шести по ред студиски албум на Фифти, „Street King Immortal“. Заради промена на издавачките куќи, раперот неколку пати го одложуваше ова издание, чиј (конечен) датум за објавување е 18 август.

На новиот материјал Фифти работи веќе од 2010 година, па се надеваме дека овој пат нема да има причини за уште едно одложување.

 



Врати се горе ↑