28 ноември, 2012

Фифти Сент, Адам Левин и Еминем снимија спот за „My Life“

Сите се надеваме дека Фифти нема уште еднаш да го одложи најавениот албум “Street King Immortal“ кој треба да излезе на 26-ти февруари следната година, а во меѓувреме раперот повторно објави уште еден сингл за кој сними и видео запис. Се работи за песната „My Life“ за која соработуваше со пејачот од Марун 5, Адам Левин и легендарниот Еминем. Музичарите пред неколку дена премиерно го изведоа синглот во најновата епизода на талент шоуто „The Voice“, а и спотот вчера беше објавен на ЈуТјуб. Погледнете го и настапот во живо во продолжение.

За новиот спот, кој е во режија на Ричард „Рич“ Ли (познат по спотовите на Еминем за „Not Afraid„ и „Lighters“), во интервју дадено за MTV News, популарните рапери Фифти и Еминем изјавиле дека идејата била да се креира „атмосфера на метафорична параноја“, во која главните јунаци ги прогонува хеликоптер, а Еминем додал дека сакале „да достигнат и атмосфера на постојано бегство, прогонување, каде повеќе не е ни важно од што точно се бега, бидејќи тоа може да биде што било – а рефлекторот од хеликоптерот од кој не можат да побегнат е метафора за обид за бегство од нивните животи.“ Магазинот Idolator пишува дека високобуџетниот спот со хеликоптерот, луксузните автомобили и константната акција „потсетува на некоја епизода од серијата ,Homeland’, само со многу подобра музика.“

Извор: mtv.rs/idolator.com



Врати се горе ↑