17 ноември, 2012
Фифти го објави спотот за „Првиот состанок“
Раперот Фифти Сент (50 Cent) деновиве го објави видео записот за неговиот сингл „First Date“, кој е екстремно директен и вулгарен, а ќе се најде на неговиот претстоен албум „Street King Immortal“. Во спотот Фифти како и секогаш има убави и згодни девојки со кои тој флертува, а самата порака на песната е „Животот е премногу краток за да не имаш с*кс на првиот состанок.“
Видео записот е во режија на Ејф Ривера, а се појавува и раперот Ту Шорт (Too Short) со неговата експлицитна рима со кој Фифти соработуваше за оваа песна. Со овој сингл фановите на раперот можат да се уверат дека и на неговиот следен албум ќе биде присутен оној негов класичен стил, а неговото објавување ќе биде на почетокот на 2013 година.