Аудио Fifth-Harmony

30 јануари, 2015

„Фифт хармони“ со песна посветена на Мараја Кери

Членките на групата „Фифт хармони“ се големи фанови на Мараја Кери, а тоа го докажаа и со својата нова песна насловена едноставно „Like Mariah“, во кој гостува раперот Тајга. Темата содржи семпл од познатиот хит на Кери – „Always Be My Baby“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Групата, која беше формирана во втората сезона од американскиот „Х фактор“, каде што заврши на 3 место, својот долгоочекуван прв албум ќе го објави на 3 февруари. Покрај оваа песна и хитот кој го потпиша популарната Меган ТрејнорSledgehammer“, изданието насловено „Reflection“ ќе содржи 11, односно 14 песни за луксузната верзија, а комплетниот список Ве очекува во продолжение.

  • 1. “Top Down”
  • 2. “BO$$”
  • 3. “Sledgehammer”
  • 4. “Worth It”
  • 5. “This Is How We Roll”
  • 6. “Everlasting Love”
  • 7. “Like Mariah”
  • 8. “Them Girls Be Like”
  • 9. “Reflection”
  • 10. “Sugar Mama”
  • 11. “We Know”

Лукзусно издание

  • 12. “Going Nowhere”
  • 13. “Body Rock”
  • 14. “Brave, Honest, Beautiful”


Врати се горе ↑